Владата ќе субвенционира кредитна линија на ЕИБ за мали и средни претпријатија

Bez autora
Oct 23 2011

Владата донесе одлука за субвенционирање на каматата за новата кредитна линија која што е обезбедена од Европската инвестициона банка во износ од 50 милиони евра и е наменета за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти, соопшти владината прес-служба. Со оваа одлука, како што се соопштува, субвенционираната камата за малите и средни претпријатија за оваа кредитна линија ќе изнесува 5,5%. Примарна цел на оваа нова кредитна линија од ЕИБ е обезбедување на свеж капитал за поддршка на малите и средни претпријатија кој ќе биде насочен кон реализација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз.

Владата ќе субвенционира кредитна линија на ЕИБ за мали и средни претпријатијаВладата донесе одлука за субвенционирање на каматата за новата кредитна линија која што е обезбедена од Европската инвестициона банка во износ од 50 милиони евра и е наменета за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти, соопшти владината прес-служба.

Со оваа одлука, како што се соопштува, субвенционираната камата за малите и средни претпријатија за оваа кредитна линија ќе изнесува 5,5%.

Примарна цел на оваа нова кредитна линија од ЕИБ е обезбедување на свеж капитал за поддршка на малите и средни претпријатија кој ќе биде насочен кон реализација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз.

„Со одлуката за субвенционирање на каматата од страна на Владата трошокот за овие средства значително се намалува, со што се дава дополнителна поддршка на малите и средни претпријатија во обезбедувањето на поевтини средства за финансирање на нивните деловни активности", соопштуваат од Владата.

Кредитната линија ќе ја пласира Македонската банка за поддршка на развојот преку деловните банки до крајните корисници.

Најмалку 70% од оваа кредитната линија ќе биде наменета за финансирање на мали и средни претпријатија, додека под други приоритетни проекти, кои можат да се финансираат со најмногу 30% од средствата предвидени за оваа кредитна линија, се подразбира мали и средни инвестиции, кои ќе бидат преземени од крајните корисници во било која големина во областа заштита на животната средина, економијата базирана на знаење, енергија, инфраструктура, вклучувајќи го здравството и образованието, индустрија, туризам, трговија и други услужни дејности.

Финансиски средства наменети за субвенционирање на каматата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik